MESA Summer Jam

MESA Summer Jam - CS:GO

-
Par МЕСА – Македонска еспорт асоцијација
Règles
🆓 Како ќе се одвива турнирот?
⭕ Турнирот ќе се одигра онлајн 29.06.2021 - 01.07.2021, каде што започнуваме вторник во 18:00 часот, додека LAN настанот започнува во 10:00 часот на 03.07.2021, сабота и 04.07.2021, недела исто од 10:00 часот.
⭕ Турнирот ќе се одигра по принцип на Round Robin во групната фаза каде што секој игра со секого, со што од пријавените тимови ќе се одлучи кој со кого ќе игра на LAN-от во четврт финалињата.
⭕ Сите мечеви за време на групната фаза ќе бидат BO2 и ќе има мап вето по принципот бан-бан, бан-бан, пик-пик, последната мапа не се игра.
⭕ Топ 8 ќе се игра со мап вето и ќе биде BO3, по принципот бан-бан, пик-пик. Кој прв банира ќе се одреди преку вртење на паричка.
⭕ Страна ќе се одбира преку knife round (рунда само со ножеви. Победниците бираат страна).
⭕ Секоја екипа треба да пријави по 5 играчи (препорачуваме да имате уште 1 дополнителен играч како резерва доколку некој од првата петорка не може да присуствува на закажаниот термин. Секако, ова не е задолжително).
⭕ Во roster-от (петорката која игра) минимум 4 членови треба да бидат Македонски државјани.
⭕ Распоредот на натпреварите ќе биде објавен истиот ден како и извлекувањето на групите, а сите тимови се очекува да бидат на своите места подготвени за игра половина час пред закажаниот термин на зададениот натпревар. Доколку некој од тимовите не успее да го исконтактира администраторот 15 минути пред почеток на натпреварот, тој тим ќе биде дисквалификуван и на негово место ќе биде ставен друг тим од листата на чекање.
⭕ Секој од тимовите за време на натпреварите имаат право на пауза во времетраење од 15 минути.
⭕ Ќе се игра со мап вето, односно наизменично банирање.
⭕ Мапи кои ќе се играат:
de_inferno
de_nuke
de_mirage
de_ancient
de_vertigo
de_dust2
de_overpass
⭕ Користење на мауси и тастатури од Bloody Gaming брендот е забрането.
💻💻Конфигурации за LAN завршницата:
CPU Intel Core i5-9400F
Gigabyte B365 M AORUS
16GB DDR4 2666MHz
EVGA GeForce GTX 1080 FTW GAMING
PSU 750W Gigabyte
SSD Gigabyte 256GB SATA3 500/520MB/s
Monitor Dell Alienware 25" @240Hz, 1ms
⚠ ЗАДОЛЖИТЕЛНО е носење на ЗАШТИТНИ МАСКИ во затворените простории!
👨⚖ Координатори: Александар Пауноски, Кристијан Ангеловски, Иван Стошиќ, Милош Левкоски
🧘♂ Администратори: Александар Пауноски, Кристијан Ангеловски, Иван Стошиќ, Филип Угриновски, Стојче Кузманоски
👨🎤 Кастери: Момчило Деловски и Венцислав Козаровски
🔺 Целокупната комуникација меѓу капитените на тимовите и координаторите ќе се одвива преку Facebook чет група која ќе ја креираат координаторите. Групата ќе биде објавена по завршување на пријавувањето и во неа ќе бидат вклучени капитените на сите тимови.
🔺 ВАЖНО
⭕ Играчите се очекува пред се да се однесуваат фер и коректно кон противниците, своите соиграчи, кон администраторот и организаторот.
⭕ Секое неспортско, навредливо и недолично однесување ќе биде санкционирано со дисквалификување на тимот!
⭕ Задолжително е почитување на протоколите кој ќе бидат пропишани од организаторот.