⭕ Турнирот ќе се одигра од 1-ви до 5-ти јули со почеток во 18:00 часот, додека за време на викендот (Сабота и Недела) со игра ќе се започнува од 11:00 часот. ⭕ Турнирот ќе се одигра по принцип на дупли елиминации (double eliminations) во групната фаза, со што од 64 пријавени тимови ќе се стигне до Топ 16. ⭕ Сите мечеви за време на групната фаза ќе бидат BO1 ⭕ Топ 16 ќе се игра со мап вето и ќе биде BO3, по принципот бан-бан, пик-пик. Кој прв банира ќе се одреди преку вртење на паричка на STEAM чат. ⭕ Страна ќе се одбира преку knife round (рунда само со ножеви. Победниците бираат страна). ⭕ Секоја екипа треба да пријави по 5 играчи (препорачуваме да имате уште 1 дополнителен играч како резерва доколку некој од првата петорка не може да присуствува на закажаниот термин. Секако, ова не е задолжително) ⭕ Во roster-от (петорката која игра) минимум 4 членови треба да бидат Македонски државјани. ⭕ Распоредот на натпреварите ќе биде објавен на 30.06.2020 (Вторник) во 18:00 часот, а сите тимови се очекува да бидат на своите места подготвени за игра половина час пред закажаниот почеток на нивната партија. Доколку некој од тимовите не успее да го исконтактира администраторот на 15 минути пред почеток на партијата, тој тим ќе биде дисквалификуван и на негово место ќе биде ставен друг тим од листата на чекање. ⭕ Секој од тимовите за време на натпреварите имаат право на пауза во времетраење од 15 минути.. ⭕ Ќе се игра со мап вето, односно наизменично банирање. ⭕ Мапи кои ќе се играат: de_inferno de_nuke de_mirage de_train de_vertigo de_dust2 de_overpass
Schedule
Tournament dates
-
By using our website, you accept our use of cookies to propose the best user experience and gather useful statistics. To learn more about cookies and edit your settings, check our cookies page.