A1 Game Fest 2019

A1 Game Fest 2019

Von А1 Македонија
Online, Macedonia
Regeln
🏃‍♂ КВАЛИФИКАЦИИ:
⭕ Квалификациските натпревари ќе се играат од 3ти до 6ти декември и ќе почнуваат од 18:00 часот (по потреба ќе има дополнителни денови)
⭕ Квалификациите ќе се одиграат по принцип на дупли елиминации (double eliminations) во групна фаза, со што од 32 пријавени тимови ќе се стигне до Топ 8.
⭕ Најдобрите 8 тимови ќе учествуваат во рамките на LAN турнирот во CINEPLEXX во Скопје Сити Мол на 14ти и 15ти Декември, кој ќе биде пренесуван во живо на следниве интернет канали: GG.МК, А1 Македонија Facebook page и уште еден дедициран канал.
⭕ Секоја екипа треба да пријави по 5 играчи (препорачуваме да имате уште 1 дополнителен играч како резерва доколку некој од првата петорка не може да присуствува на закажаниот термин. Секако, ова не е задолжително)
⭕ Во roster-от (петорката која игра) минимум 4 членови треба да бидат Македонски државјани.
⭕ Распоредот на натпреварите од квалификациите ќе биде објавен на 1ви декември (недела) во 20:00 часот , а сите тимови се очекува да бидат на своите места подготвени за игра половина час пред закажаниот почеток на нивната партија. Доколку некој од тимовите не успее да го исконтактира администраторот на 15 минути пред почеток на партијата, тој тим ќе биде дисквалификуван и на негово место ќе биде ставен друг тим од листата на чекање.
⭕ Се играат BO1 мечеви (освен decider мечот кој е BO3)
⭕ Ќе се игра со мап вето, односно наизменично банирање.
⭕ За desider мечот (вториот тим кој оди понатаму) ќе се игра BO3 со бан-бан, пик-пик.
⭕ Мапи кои ќе се играат:
de_inferno
de_nuke
de_mirage
de_train
de_vertigo
de_dust2
de_overpass